Нов мурал “Симбиози” со порака дека секој еден жив организам е важен за одржување на нашата планета, го краси музејот “Д-р Никола Незлобински” во Струга.
Муралот е дело на уметниците Горан Ристовски и Енкел Дика кои создадоа ремек дело кое испраќа силна порака: да го зачуваме она што како регион не прави посебни. Ретките и ендемичните видови се неопходни за одржувањето биолошката разновидност.

„Доволно е, пред сè, секој да биде свесен дека биодиверзитетот е загрозен. Размислете кои пормени можете да ги направите на микро ниво, а ќе бидат исклучително значајни за нашата планета“, велат од Europe House Струга.