Нови правила за пребарување: Како истрагата на Европската комисија го принуди Google на промени?

Технолошкиот гигант Google најави дека ги менува своите правила за спам содржини на територијата на Европската Унија. Одлуката доаѓа како директен одговор на истрагата на европските регулатори за заштита на пазарната конкуренција.

Технолошкиот гигант Google најави дека ги менува своите правила за спам содржини на територијата на Европската Унија. Оваа одлука доаѓа како директен одговор на загриженоста и истрагата на европските регулатори за заштита на пазарната конкуренција, кои инаку би можеле да донесат драстични парични казни.

Промената се однесува на политиката со која Google се обидуваше да спречи објавување содржини од трети страни на познати веб-страници единствено со цел да се искористи нивниот авторитет за подобро рангирање во резултатите од пребарувањето. Оваа пракса во дигиталниот свет е позната како „parasite SEO“.

Сепак, Европската комисија утврди дека таквата политика на Google ја намалувала видливоста на веб-страниците, медиумските содржини и другите издавачи кога тие содржеле комерцијални материјали од нивни партнери.

Затоа, мерките со кои се намалуваше рангирањето на овие веб-страници нема повеќе да се применуваат за корисниците во 27-те земји членки на ЕУ, како и во Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. Од компанијата потврдија дека правилата надвор од Европскиот економски простор ќе останат непроменети.

Оваа политика ја поттикна Европската комисија да покрене истрага врз основа на Актот за дигитални пазари (DMA), чија цел е да ја ограничи моќта на големите технолошки компании. За кршење на овој закон, на компаниите им се закануваат ригорозни казни кои можат да достигнат и до десет проценти од нивниот глобален годишен приход.

е-Трн да боцка во твојот инбокс