Од тастатура во реалност: Маск и Закерберг договараат тепачка во кафез

Што се случува кога најголемите светски воини на тастатура ќе се заканат дека ќе излезат на улица за да се пресметаат? Па, можеби сме поблиску до тоа да го дознаеме одговорот, благодарение на неодамнешната онлајн размена меѓу технолошките милијардери Марк Закерберг и Илон Маск.

Сагата започна во вторникот кога твитот за тоа дека Фејсбук потенцијално развива конкурент на Твитер го навлече гневот на Маск, кој одговори: „Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде исклучиво под палецот на Зак без други опции. Барем ќе биде ‘разумно’. Бев загрижен за момент“.

Како одговор, еден осамен корисник на Твитер предупреди дека Маск треба „да биде внимателен“, бидејќи Закерберг „учи џиу џицу“.

Не можејќи да ја пропушти приликата за внимание, извршниот директор на Твитер, Илон Маск одговори: „Јас сум подготвен за борба во кафез, ако е и тој“.

Закерберг, кој изгледа решен да му даде до знаење на светот дека тренира џиу-џицу, во средата возврати на преку story на Инстаграм со текстот „Испрати ми локација“ преку скриншот од твитот на Маск.

Откако еден корисник на Твитер го сподели враќањето на Закерберг на Твитер, Маск на Твитер напиша: „Ако ова е реално, ќе го направиме тоа“.

Во средата навечер, заменик-уредникот на The Verge, Алекс Хит, рече дека „потврдил дека објавата на Закерберг на неговиот Инстаграм профил, всушност, не е шега, што значи дека топката сега е на теренот на Маск“. Портпаролот на Мета изјави за медиумот: „Приказната зборува сама за себе“.

Иако сè уште не е одредено дали двајцата технолошки милијарди навистина ќе ги решат нивните разлики во рингот, тие моментално се во конкуренција за тоа кој технолошки директор може да потроши најмногу милијарди и да ги натера нивните работници да ги трпат последиците. Додека Маск намали половина од персоналот на Твитер во ноември и ги обвини „активистите“ за падот на приходите на Твитер, Закерберг објави дека Мета ќе отпушти 13 отсто од својата глобална работна сила, вкупно околу 11.000 луѓе – резултат што може да има врска со 20-те милијарди долари загуба на непопуларниот проект Метаверс.

Извор: RollingStone

е-Трн да боцка во твојот инбокс