Отворен е конкурсот за наградата Милан Младеновиќ 2023

Фондацијата во спомен на Милан Младеновиќ го отвори конкурсот за Награда Милан Младеновиќ 2023, под слоганот „Пријави ја твојата песна“. Конкурсот е отворен од први до петти мај оваа година

Право да конкурираат за Наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песни чиј текст е на еден од јазиците коие се зборуваат на територијата на поранешните југословенски решублики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата:

  • Еден изведувач, автор или група на автори може да пријави само една песна на конкурсот за наградата
  • Песните кои конкурираат за наградата треба да се објавени меѓу 01.06.2022 и 31.05.2023 година
  • Пријави можат да поднесуваат автори, изведувачи или издавачи преку формулар кој е достапен на интернет страницата milanmladenovic.com
  • Конкурсот се заклучува на 31.05.2023 на полноќ.

Наградата Милан Младеновиќ е востановена со цел да се поттикнува музичкото творештво кое ги отсликува вредностите својствени за неговот уметничко наследство, а се доделува за најдобра песна на просторот на поранешна Југославија на свеченост која се случува на 21. Септември – Милановиот роденден.

За добитникот на наградата Милан младеновиќ 2023 оваа година одлучува регинални жири во состав: Ана Ѓуриќ Констракта (Србија), Бранка Главоњиќ (Србија), Борис Леинер (Хрватска), Зоран Предин (Словенија) и Марко Шелиќ Марчело (Србија). Стручното жири прво ќе одбере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во прдукцијана фондацијата Милан Младеновиќ, а добитниците на овогодинешното признание ќе добијат и парична награда. Наградата изнесува 3000 евра. Фондацијата Милан младеновиќ оваа година воспостави долгорочна соработка со Егзит фестивалот, па така добитникот на нагрдата Милан Младеновиќ 2023 автоматски ќе влезе меѓу изведувачите на Егзит 2024.

е-Трн да боцка во твојот инбокс