Падна германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, како што и се очекуваше, го загуби гласањето за доверба, што отвори пат за распишување предвремени избори. Од вкупно 717 гласа, 207 пратеници ја изразија довербата во Шолц, 394 гласаа против, а 116 беа воздржани. На Шолц му беа потребни 367 гласа за да го „преживее“ гласањето.

„Дојдовме до крајот на дневниот ред, но и до крајот на семафорската коалиција“, изјави претседателката на Бундестагот, Бärбел Бас, користејќи го надимакот за сега веќе распаднатата тројна коалиција. Шолц на резултатите реагираше со насмевка, ракувајќи се со потканцеларот Роберт Хабек.

Следно канцеларот треба да се упати кон дворецот Bellevue во Берлин, каде ќе побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер распуштање на парламентот и распишување на нови општи избори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс