По повод официјалното отворање на Europe House Struga

Визуелен перформанс „Ритамот на природата“ во Паркот на поезијата во Струга

На 30 ти мај во Паркот на поезијата во Струга по повод официјалното отворање на Europe House Struga е најавен визуелен перформанс „Ритамот на природата“ на кој ќе се прикажуваат ендемични птици и цветови. Настанот ќе биде збогатен со електронска музика од локални диџеи.

„На денот на отворањето правиме спој на активностите кои се во нашиот фокус на делување: поттикнување на развојот на заедницата преку промоција на здрави вредности кон младите, зачувување на културата и културното наследство, зачувување на животната средина… „велат од Еurope House Struga.

е-Трн да боцка во твојот инбокс