Хитот на Ед Ширан од 2014 година „Thinking out loud“ често се среќава по форумите на интернет како пример дека претставува плагијат и копија на хитот на Марвин Геј од 1973 година „Let’s get it on“.
Сепак ова не е единствениот пример на песни за кои фановите веруваат дека се плагијат или сериозно инспирирани од други повеќе или помалку познати песни. Песната на Ед Ширан користи доста честа поп прогресија, која исто така може да се најде и во легендарниот хит на Марвин Геј. Наследниците на авторските права на Геј ја тужат британската поп ѕвезда за нарушување на авторските права.
Песната на Childish Gambino, „This is America“ беше вистински хит во 2019 година и стана првата рап песна која доби Греми награда за најдобра песна. Сепак, пејачот, чие вистинско име е Доналд Гловер беше тужен бидејќи ги украл „лирската тема, содржината и структурата“ од песна на Kidd Wes. Случајот сепак беше отфрлен во март оваа година.
Според документите од судот објавени во јануари 2021 година, раперката Ники Минаж требало да исплати 450 илјади долари на Трејси Чапман за плагијаризам на песната „Baby Can I Hold You“ во нејзиниот хит „Sorry“. Тимот на Минаж неколку пати барале дозвола за користење на делови од песната, но сите тие биле одбиени. Песната сепак беше објавена на радио и стана хит.
Веројатно најпозната песна во рок музиката е „Stairway to Heaven“, но дали навистина беше напишана од Јими Пејџ и Роберт Плант? Наследниците на Ренди Волф, пејач и гитарист на бендот Spirit, го поставија ова прашање во 2014 година. Во март 2020 година, судот сепак одлучи дека Led Zeppelin не ја украдиле песната.
Навистина е забележливо дека песната на Лана Дел Реј, „Get Free“, звучи многу слично на песната „Creep“ на Radiohead. Бендот поради тоа побара да бидат официјално да бидат запишани како автори. Но сепак, за иронијата да биде поголема, некои делови од „Creep“ се исто така копирани од песната „The Air That I Breathe“ од The Hollies. За тој случај, двата бенда постигнале вон-судска спогодба.
Музичката индустрија неколку пати била вознемирена од контраверзии за плагијаризам. Во 2014 година, песната „Stay with me“ на Сем Смит предизвика вистинско вознемирување. Таа беше многу слична на песната „I won’t back down“ на Том Пети. Рок легендата Пети, кој почина во 2017 година, сепак доби дел од авторските права, но тој не бил воопшто навреден или лут, туку сметал дека сличностите на песните веројатно се биле случајни.
Марвин Геј очигледно бил инспирација за многу музичари, а несреќниот крај од еден спор за плагијаризам на негова песна го извлекоа Фарел Вилијамс и Робин Тик. Нивниот хит „Blurred Lines“ бил плагијат на песната на Марвин Геј „Got to Give it up“. Во 2013, Вилијамс и Тик мораа да им исплатат околу 7 милиони долари на наследниците на авторските права на Геј, иако тие се уште тврдат дека не ја копирале песната.
Во еден случај, само две секунди звук резултираат со 20-годишна тужба што го постави прашањето каде започнува плагијаризмот, особено во дигиталната ера? Музичкиот продуцент Мозес Пелам искористил две секунди од песната „Metall auf Metall“, хит на германскиот бенд Крафтверк за песната „Nur mir“ на раперката Сабрина Сетлур. Случајот заврши и пред Европскиот суд за правда.
Уште една поп ѕвезда која беше обвинета за плагијаризам беше Шакира. Во 2014 година, федерален суд од САД донесе пресуда дека нејзниот хит „Loca“ бил нелегална копија на песната „Loca con su Tiguere“ на Ramon Arias Vasquez (El Cata) од Доминиканската Република.
Извор: DW