Норвешкиот крал Харалд V почина на 89-годишна возраст, соопшти Кралската палата.
Монархот починал мирно во петокот наутро, во 6:35 часот, во Универзитетската болница во Осло, каде што бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба.
Харалд V беше крал на Норвешка од 1991 година, кога го наследи својот татко, кралот Олав V. За време на неговото повеќедецениско владеење, норвешката монархија стана поотворена и посовремена, а Харалд беше сметан за еден од најпопуларните европски монарси.
Во последните години се соочуваше со повеќе здравствени проблеми и имаше вграден пејсмејкер. Сепак, тој одбиваше да се повлече од престолот, нагласувајќи дека заклетвата што ја дал како крал важи до крајот на неговиот живот.
По смртта на Харалд V, престолот автоматски го наследи неговиот син, досегашниот престолонаследник Хокон, кој стана крал Хокон VIII.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере изјави дека земјата е во жалост и изрази благодарност за долгогодишната служба на Харалд кон норвешкиот народ.