Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Високите претставници на ОН за климатски промени објавија повик за зелени енергетски проекти, кои ќе бидат претставени на претстојниот Европски регионален финансиски форум во Германија и на конференцијата COP29 во Баку, Азербејџан. Оваа иницијатива е насочена кон промовирање на иновативни проекти и обезбедување пристап до извори на финансирање. Рокот за пријавување е до 10-ти септември.
Форумот ќе биде фокусиран на истражување на инвестициските можности во области како чиста енергија, енергетска ефикасност, претворање на отпад во енергија, декарбонизација на индустријата и одржлив транспорт. Дополнително, ќе се разгледува улогата на критичните суровини, како што се литиумот, бакарот, никелот и ретките елементи, во поддршка на транзицијата кон нискојаглеродни решенија и чиста енергија. Од проектите избрани на минатогодишниот COP28, четири добиле делумно финансирање, во просек околу 55%.