Одбележување на Светскиот ден на бегалцитe – 20ти јуни

Претставата „Види, летам!“.Види, летам!“ на сцената на Народниот театар во Охрид 

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на бегалцитe – 20ти јуни, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во соработка со Младински Образовен Форум (МОФ) и Вондерленд театар од Скопје, на малата сцена на Народниот театар во Охрид во понеделник на 17 ти јуни со почеток во 20:00 часот, ќе ја постават претставата „Види, летам!“.Види, летам!“.

Се работи за претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот.

Автор на претставата е Ана Трпеноска, режисер Ивана Ангеловска, а уметнички координатор Нела Витошевиќ. Играат Сара Спиркоска, Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова и Леонардо Лазов.

Оваа претстава се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата поткревање на свеста а потребата од културна и општествена промена како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс