На претставувањето на книгата како рецензенти излегоа Проф.д-р Мирослав Пендароски, Проф.д-р Златко Жоглев, Маестро Игор Џамбазов македонски глумец,писател,забавувач, ТВ-водител, музичар и текстописец.

Книгата „Различни но слични“ од клиничкиот психолог Амела Мемиш Апостоловска беше промовирана на настан кој ја привлече вниманието на публиката со искрени емоции и силни пораки. Професорот д-р Мирослав Пендароски, во својата рецензија, го опиша делото како текст со повеќеслојна структура, што отвора теми како љубовта, осаменоста, пријателството и личната борба за автентичен живот.

Професорот д-р Златко Жоглев ја истакна важноста на поддршката за мајките кои се грижат за деца со развојни потешкотии, посветувајќи посебно внимание на темата на аутизмот. Маестро Игор Џамбазов ја нагласи искреноста на текстот и вети дека поддршката за оваа важна тема нема да остане само на една промоција, најавувајќи турнеја низ Македонија.

Еден од посебните моменти беше кога Леон Мемиш Апостоловски, 11-годишно момче кое го надмина аутизмот, прочита дел од книгата, пренесувајќи ја пораката за важноста на мајчинската љубов и поддршка.
Целосното видео од настанот може да се види на линкот.