Работник од Охрид починал по пад од бандера

Лекар од екипа на Итната медицинска помош која дошла на интервенција, констатирал смрт кај работникот кој починал на лице место

48 годишен маж од Охридско починал вчера додека вршел работни задачи.

Како што информира МВР, вчера, во 14:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.

Лекар од екипа на Итната медицинска помош која дошла на интервенција, констатирал смрт кај работникот кој починал на лице место.

Увид на местото на настанот извршиле и јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“ додаваат од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс