Главниот град на Украина утрово повторно беше цел на руски напад со беспилотни летала, при што паѓање на остатоци од соборените летала и директни удари се регистрирани во строгиот центар на Киев. Информацијата ја потврдија градоначалникот Виталиј Кличко и градската воена управа, додека украинската противвоздушна одбрана дејствуваше во повеќе градски четврти за време на сирените за воздушна опасност.
Украинската противвоздушна одбрана активно дејствуваше врз руските беспилотни летала од типот „Шахед“ кои прелетуваа над неколку реони во градот.
🤬🤬russians just hit the very center of Kyiv.
— Angelica Shalagina🇺🇦 (@angelshalagina) August 27, 2026
A shahed struck near Lobanovskyi Stadium – right in the heart of my city. The stadium itself was not damaged.
I keep hearing explosions.
After the nightmare of last night, russia is still attacking us. pic.twitter.com/0RkOOsZHXX
Во централниот Печерски округ остатоци од соборено летало паднаа врз нестанбена зона и оштетија спортски објект. Градските служби веднаш излегоа на терен за проценка на штетите.
Жителите на Киев објавија видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа густ црн чад во непосредна близина на култниот стадион „Валериј Лобановски“.
„Русите го погодија самиот центар на Киев. Шахед падна близу стадионот Лобановски. Самиот стадион не е оштетен, но постојано се слушаат нови експлозии“, објави жителка на градот на социјалната мрежа Икс.
Овој стадион, изграден во 1934 година во близина на зградите на украинската влада и парламентот, со децении е дом на фудбалскиот клуб Динамо Киев и го носи името на прославениот тренер Валериј Лобановски.