Утринава голем пожар ја зафати Универзална сала Скопје, која во моментов е во втора фаза на реконструкција. Се уште не се знаат причините за настанокот на пожарот, но од лице место може да се заклучи дека голем дел е зафатен а пожарникраните единици се веќе на терен и заедно со надлежните служби ја расчистуваат околината.
Булеварот Партизански Одреди е делумно затворен во правец кон Центар.
Како што пренесува 24 инфо.мк околу ставот на фирмата изведувач на проектот за реконструкција за можните причини за настанување на пожарот, се вели дека во моментот на пожарот освен обезбедувањето не бил присутен ниту еден работник од фирмата изведувач. Првична претпоставка е дека пожарот се случил поради старата електрична инсталација.
„Согласно законот и согласно условите во тендерот објектот е соодветно осигуран“, изјави за 24 инфо.мк Лазар Арсовски, сопственик на компанијата Универзал- Балкан Скопје, изведувач на реконструкцијата.
Пожарот е локализиран, а истрагата треба да ги даде одговорите како тој настанал.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, пред малку, на својот фејсбук профил објави апел до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите што е можно поскоро.
„Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема на не премисли да се откажеме“, напиша таа на својот фејсбук профил.