„Сетстат“ и Марија Каева ќе настапат во среда на 22 мај на платото на УКИМ во 20:00 часот во склоп на манифестацијата „Мајска Сесија, дојди да се преслушаме“ организирана од Europe Housе.
„Сетстат“ се ветерани на македонската џез музика и со нивниот тридецениски опус, подготвеност и разновиден пристап неуморно создаваат оригинален и амбициозен звук. Динамиката, умешноста, хемијата и сложените аранжмани, пропратени со фанки звуци и бас-лини, говорат за сестраниот музички пристап и моќ на Сетстат.
Интересните вкрстувања помеѓу различни жанрови и звуци го поткопуваат секое очекување поврзано со структурата и мелодијата на нивните мелодии.