Северина падна на сцената, продолжи да пее седната

На Северина ѝ се случи несреќа за време на настап во Загреб, каде што за време на изведување на кореографијата, таа се лизна и падна на сцената по што настапот го продолжи од земја.

„Имав кореографија да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи нешто порано…Всушност, јас вака правам секогаш кога сакам малку да одморам на бината“ се пошегува Северина на своја сметка споделувајќи го видеото.

Откако падна на сцената, Северина, како што се гледа на видеото, започна да се смее и го продолжи шоуто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс