Сириските банки повторно се поврзани со меѓународниот платен промет откако Соединетите Американски Држави официјално ја тргнаа Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот. Симболичниот крај на повеќедецениската финансиска блокада беше одбележан во Дамаск, каде што сирискиот претседател Ахмед ал-Шара плати сметка во кафуле со картичка од глобалната мрежа Виза, соопштија тамошните власти.
Претседателот Ал-Шара, придружуван од гувернерот на Централната банка, Мохамед Сафват Раслан, плати кафе со прислонување картичка на терминал во локално кафуле во старата градска јатка. Владата објави видеоснимка од трансакцијата со порака дека вакво едноставно плаќање било невозможно повеќе од 15 години поради строгите санкции.
"Will that be cash or credit, Mr. President?"
— Syrian Response (@SyrianResponse) August 26, 2026
President Ahmed al-Sharaa pays with a Visa card in the heart of Old Damascus, joined by Central Bank Governor Mohammed Safwat Raslan.
For more than fifteen years, this simple transaction was impossible.
Today, in the oldest… pic.twitter.com/yLEW6ISJaz
Гувернерот Раслан изјави дека ова е историски чекор што и овозможува на сириската економија да си го врати природното место во глобалниот финансиски систем. Според него, враќањето на меѓународните картички и банкарските врски директно ќе им помогне на домашните трговци и граѓаните.
Американскиот Стејт департмент потврди дека Сирија повеќе не се смета за држава спонзор на тероризмот, со што заврши санкцискиот режим воведен уште во 1979 година. Одлуката стапи на сила по завршувањето на 45-дневната ревизија во Конгресот, постапка што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп во јули.
Со истиот пакет одлуки, од американската листа на терористички организации беше отстранета и поранешната паравоена група Хајат Тахрир ал-Шам. Ова отвора пат за обновување на директните странски инвестиции, нормализација на банкарските трансфери за хуманитарна помош и враќање на трговските линии што со децении беа блокирани.