Денес во 18 часот, Еurope House Struga ви ја претставува друштвената игра СПИНОКИО.
„Спинокио“ е во издание на Види Вака и е посветена на медиумската писменост. Се работи за игра во која играчите се во улога на уредници на новински агенции. Идејата е да станат најрелевантна агенција во медиумскиот простор, каде ќе објавуваат што повеќе професионални вести, а ќе отфрлат дезинформации.
,,Во море од дезинформации и медиумска преплавеност од невистини, ајде преку игра да научиме како да ја препознаваме вистината” порачуваат организаторите.