Во Србија трета недела по ред траат протестите на студентите поради трагедијата во Нови Сад. Студентите бараат да се објават сите документи поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, вклучувајќи ја и надстрешницата која се сруши на 1. ноември и уби 15 лица, претежно млади, а две лица се тешко повреди. Тие исто така бараат казнување на лицата кои ги нападнаа студентите кои протестираа и побараа ослободување на активистите уапсени за време на претходниот протест, но јавно извинување од претседател Александар Вучиќ кој ги нарече платеници.
Во блокада се повеќе од 50 факултети во Белград и сите факултети во Нови Сад.
„Секојдневно сме сведоци на физичка и вербална репресија над студентите и граѓаните кои бараат казнена одговорност. Посебно истакнуваме дека извршителите на насилството над студентите, кои мирно шротестираа со 15 минути молк, сè уште не се процесирани“, стои во соопштението на Универзитетот.
По јавното обраќање на претседателот Александар Вучиќ, студентите објавија соопштение како реакција на изјавата на Вучиќ, кој тврдеше дека се платени и од внатре и однадвор, повикувајќи ги да не се расправаат околу парите кои ги добиле за неговото рушење.
„Доаѓаме да го вратиме парите“, изјавија тие. Донесоа две празни вреќи, кои симболично ги означуваат „парите што ги добиле однадвор и одвнатре“. Овие вреќи ги оставаме пред зградата на РТС, можете да ги предадете на претседателот и да му кажете дека студентите бараат јавно извинување“ стои во реакцијата.
Во моментов, повеќе од 60 државни факултети од четирите универзитетски центри – Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац, се во блокада. На факултетите се приклучуваат и некои високи школи за стручно образование.
На Универзитетот во Белград (УБ) кон блокадата последни се приклучија студентите од Православниот богословски факултет.
На Универзитетот во Нови Сад, сите девет факултети се блокирани, а последен се приклучи Факултетот за спорт и физичко воспитание. Настава нема на Филозовскиот, Земјоделскиот, Правнот, Технолошкиот, Факултетот за технички науки, Природно-математичкиот, Медицинскиот и Академијата за уметности.
Блокадата продолжува и на Економскиот факултет во Суботица и Педагошкиот факултет во Сомбор, кои исто така се дел од Универзитетот во Нови Сад.
На Универзитетот во Крагуевац студентите на Филолошко-уметничкиот факултет го блокираат Ректоратот уште од минатиот петок. Се приклучија и студентите на Факултетот за инженерски науки, и од Природно-математичкиот. Студентите на сите три факултети ги поддржаа нивните професори и деканските колегиуми.
Нишките студенти прво го блокираа Филозофскиот факултет, на 6 декември, со поддршка на деканката Наталија Јовановиќ и факултетската администрација, како и 172 вработени од вкупно 230.