Осмото издание на Kosovo Pride Week ќе се одржи од 3- ти до 8-ми јуни под слоганот „Те сакам таков каков што си.“
Kosovo Pride Week, покрај зајакнувањето на LGBTQ+ лицата, има за цел да ја подигне колективната свест и видливост за различните сексуални ориентации и родови идентитети во косовското општество. Понатаму, таа има за цел да ги адресира прашањата за моменталната ситуација на LGBTQ+ лицата и да се бори против дискриминацијата и нееднаквиот третман на овие лица во Косово.
„Поради континуирана дискриминација на систематски начин, неприфаќање и исклученост од семејството, општеството и државата, LGBTQ+ лицата секојдневно се справуваат со високо ниво на анксиозност, стрес и депресија. Како резултат на сето ова, емоционалната, менталната и физичката благосостојба е загрижувачка. Менталното здравје е исклучително важно, а континуираната професионална поддршка како и безусловната љубов се повеќе од неопходни за LGBTQ+ лицата во Косово. Понатаму, државата продолжува да не обезбедува соодветна институционална поддршка за овие лица, со што ја избегнува одговорноста што ја има во однос на ова прашање и оваа социјална група“ велат организаторите.

На своето седмо издание, Неделата на гордоста ќе се фокусира на менталното здравје на LGBTQ+ луѓето, за да може да ги поддржи сите кои се справуваат со високо ниво на стрес, анксиозност, депресија и други проблеми со менталното здравје.
„Во ова издание, преку слоганот „Те сакам таков каков што си“, сакаме да пренесеме порака за поддршка на сите кои се справуваат со предизвици на високи нивоа на стрес, анксиозност и депресија кои се директна последица на системската хомофобија и трансфобија од државата, општеството и семејството. Со „Те сакам таков каков што си“ сакаме да ги потсетиме сите дека не се сами. Љубовта, прифаќањето и градењето безбедни простори, покрај стручната помош се повеќе од неопходни, ако не и суштински, за спречување и надминување на предизвиците во менталното здравје. Психолошката и емоционалната благосостојба на LGBTQ+ луѓето мора да биде приоритет на нашите институции и на креирањето политики. Оваа Недела на гордоста не потсетува дека животите на LGBTQ+ луѓето се важни“, велат организаторите на Kosovo Pride Week.
Во склоп на Kosovo Pride Week ќе се одржат повеќе настани меѓу кои: Дијалог за пристап до правда за родовите различни заедници во Косово, дискусијата што ја организира Меѓународната организација за миграција во соработка со Prishtina Pride.
Изложбениот проект „Нашите 4 ѕида“ на две уметнички од Србија, Јелена Васиљевиќ и Миња Павловиќ е исто дел од настанот кој се одбележува од 3 до 5 јуни. Изложба, која беше прикажана и во Србија и која доаѓа како критика за недостатокот на простор за изложување уметност направена од креаторите и уметниците на LGBTQ+ и покрај зголемениот број уметнички галерии и културни центри во Србија. Преку оваа изложба, квир уметниците го критикуваат недостатокот на законски права и рамка за овие односи, толеранција и разбирање од општеството. Оваа изложба ќе биде отворена од 6-ти до 8-ми јуни.
На 3 јуни во 22:00 часот во Театар Ода ќе биде прикажана претставата „Внатре во четири ѕида“, по сценарио и режија на Аделина Роуз, која се осврнува на темата за менталното здравје во LGBTQ+ заедницата и неговото влошување како резултат на кршење на човековите права засновани на идентитет. Како единствена лична перспектива, „Внатре во четири ѕида“ ги разоткрива насилството и омразата и последиците што овие феномени ги имаат врз LGBTQ+ поединците. Во исто време, оваа емисија ја слави солидарноста и љубовта помеѓу LGBTQ+ луѓето.
Најавена е и коференцијата „Од криза до акција“ и настанот Queer GRUp што ќе ги покани сите квир жени во пријателска и удобна средина да разговараат слободно за интерсекциската маргинализација како резултат на испреплетените идентитети. Недостасуваат места за квир жени, а оваа дискусија, велат организаторите, може да послужи како можност да се реши ова прашање. Дискусија ќе ја води Дафина Халили.
Во склоп на Kosovo Pride Week ќе биде објавена книгата: „Женска топлина, женски гнев“ од Уреса Ахмети, поетесата која се занимава со темите на љубовта, сексот и интимноста на квир жените. Како прва публикација од ваков вид, оваа креација е протест за табуата и патологизацијата околу квир сексуалноста. Се работи за експериментална поезија која ја прифаќа и слави сексуалноста на квир жените.