Традиционален еко-фестивал „Sound of Green“

В петок, во паркот кај Младинскиот културен центар, ќе се одржи традиционалниот еко-фестивал на „Пакомак“,  „Sound of Green“.

Како што велат организаторите тоа ќе значи дека и оваа година ќе има одлична музика, дружење и селектирање на пластични шишиња и лименки.

– Заедно со нашите партнери од швајцарската амбасада во Македонија, за „Sound of Green“ 2024 ви подготвивме програма на две сцени во МКЦ со македонски и швајцарски изведувачи – велат организаторите.

В петок, во 20.30 часот во паркот кај МКЦ ќе настапат „Moira“, во 21:25 часот Игор Џамбазов и Гуру Харе, а во 23 часот „Orphia“ од Швајцарија. Во бифето на МКЦ во 21:30 часот ќе настапи DJ Alex Nantaya  од Швајцарија.

За влезница потребни се: едно пластично шише, една лименка или инсталирана мобилна апликација Екомак: https:// grco.de/bdBOHZ.

За првите 300 посетители со инсталирана мобилна апликација и минимум 10 зелени поени на неа „Пакомак“ подготви специјално изненадување.

Поддржувачи на настанот: Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Макстил, Универзитет Скопје и МКЦ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс