Трансформација на невестинската фризура во период од еден век на перформансот „Коса“

Во Музеј на Македонија во вторник (30 мај) во 12 часот ќе се одржи перформанс „Коса“. Тоа е перформанс кој ќе се одвива во живо и ќе трае половина час.

„Перформансот ќе опфати трансформација на невестинската фризура,значи од плетенка до денешната фризура, ќе бидат опфатени неколку периоди со различни носии, фустани, градски фустани и музика соодветна на периодот“,изјавија од Музеј на Македонија.

Овој перформанс се организира во соработка со Ансамбл Македонија и како што најавуваат од Музејот ќе биде многу интересен настан за да се проследи бидејќи досега немало ништо слично организирано кај нас. На лице место ќе се плетат плетенките и ќе се прават невестинските фризури. За плетенките ќе биде задолжена Наде Костадинова Спасеновска, кустос во Музејот на Македонија.

„Прво се плете во носијата, тука ќе биде презентиран цел обичај за кој ќе бидат задолжени ансамблот Македонија,  потоа доаѓа градската носија и уште четири фризури во фустани од поновите периоди“, изјави Спасеновска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс