Трап легендата Тревис Скот го слави неговиот 33ти роденден

Американски рапер, пејач, текстописец и продуцент на плочи Тревис Скот. Неговиот албум од 2016 година „Birds in the Trap Sing McKnight“ беше на бр.1 на американската топ листа.

Тој одел во средното училиште Елкинс пред да оди на Универзитетот во Тексас во Сан Антонио, а подоцна се откажал за да започне музичка кариера. Тој ја потпишал својата прва голема издавачка куќа „Epic Records“ во 2012 година. Во тоа време бргу се ширеше трап културата која Тревис Скот добро ја познаваше. Со одлична продукција, примамливи текстови и здружувајќи се со најсилните момци во индустријата, тој лесно стана лидер на чело на трап културата.


Тревис имаше бројни гостувања на песни, вклучително и на „I Get It“ со „Meek Mill“ во 2012 година и на „Animal“ со B.o.B. и Т.И. во 2013. Тој го лансираше рап колективот JackBoys во 2019 година.


Вистинското име му е Жак Берман Вебстер II и израснал со својата баба. Во април 2017 година, тој и Кајли Џенер стапија во романтична врска. Тие имаа ќерка по име Сторми во февруари 2018 година, а потоа се разделија во октомври 2019 година. Тој има сестра по име Џордан Вебстер и брат по име Џошуа. Во август 2021 година беше објавено дека Кајли и Тревис очекуваат второ дете. Ајри Вебстер се родил на 2ри февруари 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс