Концертна промоција на албумот ГОЛЕМ на Александар Македонски

Александар Велики (порано Гавровски) е кралот на Македонија, но и на целиот свет. Во слободно време се занимава со музика, се разбира. Можеби ви е познат од старите добри времиња на музичкото радио Канал 103, каде го водеше есенцијалното шоу Зависна Мк Листа, најдобрата топ листа на македонска музика на сите времиња. Препознатлив е и како оригинален член на реномираниот состав ПМГ Колектив, каде не го испушта басот од рака веќе 20 години. Сепак, некако највозбудлив се чини е неговиот развој како лиричар и текстописец, последниве неколку години.

“Голем“ е името на неговиот последен, трет по ред албум, издаден како 207мо издание на дискографската куќа ПМГ Рекордингс од Скопје. Продуциран од Синиша Евтимов, ГОЛЕМ изобилува со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Лириката на ВЕЛИКИ е во правопропорционален развој со квалитетот на музиката, па ГОЛЕМ е секако неговиот најдобар албум до сега.

4 мај е ГОЛЕМ ден по сите можни параметри, а концерт е секогаш убава вест за љубителите на квалитетната музика. Промотивниот концерт по повод излегувањето на новиот Александар Велики албум ќе се одржи токму на 4ти мај, во прекрасното и акустично поткровје на Паблик Рум. Старт на концертот е во 21:00, а влезот е бесплатен. Атмосферата ќе ја загрее со свој жив настап Галатеа, а Александар Велики ќе се претстави со внимателна селекција од досегашниот музички опус, се разбира со акцент на новиот албум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс