Вечерва шесто издание на „Вино на штикли“

Подгответе се за уште едно незаборавно шесто издание на „Вино на штикли“, кое ќе се одржи вечерва со почеток од 19:00 до 00:00 во Ragusa 360 Rooftop, во Скопје.

Организаторите ветуваат вечер исполнета со магијата на виното, пријатната атмосфера на живата џез музика и врвната гастрономија, каде што секој детал е внимателно осмислен за да ви понуди незаборавно искуство. Оваа година, „Вино на штикли“ ќе ги собере најдобрите македонски и странски винарии, кои со гордост ќе ги претстават своите најфинни вина, подготвени да ги разгалат вашите вкусови.

Вашето винско патување ќе биде надополнето со елегантни модни нијанси, врвни гастрономски деликатеси и џез ноти, кои совршено ќе ги надополнат аромите и вкусовите на над 150 различни вина. За само 1000 денари, ќе имате можност за бесплатна дегустација на сите вина, додека уживате во пријатната и релаксирачка атмосфера на Ragusa 360 Rooftop.

Не заборавајте, влезниците за „Вино на штикли“ се во ограничен број, затоа осигурете си го вашето место на време преку online купување. Ова е настан кој не сакате да го пропуштите – за сите љубители на виното, модата и музиката, ова ќе биде вечер за паметење.

Запомнете, со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс