За љубителите на уметничките инсталации и сосема ново уметничко доживување ја предлагаме изложбата на Јован Јосифовски – „Еластично насилство“ во културен центар Јадро и тоа со почеток во 21 часот.
Со оваа изложба, која што е во рамки на фестивалот Викенд на гордоста, се отвораат прашања за проблемите со кои се соочува квир заедницата.
За сите љубители на мурано стакло ја предлагаме самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска.

Самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска ќе биде отворена вечева во 20 часот во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Скопје (ГТЦ, 2. кат, локал 306). Ова е прва изложба на Glass Art во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло како и предмети од применета уметност и моден дизајн.
Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни.
Уникатни парчиња накит, облека и модни додатоци ќе може да се погледнат на изложбата од Александра Вељановска која се отвора вечерва на Зелениот покрив на Домот на културата Кочо Рацин.

На изложбата насловена „Moon Light“, Вељановска ќе се претстави со новата колекција и со нејзиното творештво од повеќе фази. Таа е инспирирана од раскошот, магијата и егзотичноста на природата, од флората и фауната, од месечевата светлина и егзотичните птици.
-Предметите, сите уникати, се наменети за сите генерации и за различни пригоди. Венчињата и украсите за коса, ракавиците и шапките се везени и облагородени со полудраги камења и кристали. Венчињата, брошевите, прстените круните, бразлетните, ланчињата, обетките, се изработени главно од полимерна глина и облагородени со полудраги камчиња. Од материјалите, Вељановска користи жоржет свила, памук , пердуви,… Несесерите и тобако торбичките се плетени со техника „крошет“ од високо квалитетенн памучен конец со памучен материјал, а марамите се со висококвалитетна рачно везена монистра, вели дизајнерката Александра Вељановска.
Во Националната галерија во Скопје вечерва од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ад Астра вол.2“ на Валмир Азири.

– Во патувањето преземено од претпоследната изложба наречена Ad Astra (Кон Ѕвездите), ја продолжи својата потрага да го освои она што никогаш не може да се освои, небото, заедно со жителите кои остануваат да лебдат во нејзините простори, ѕвездите, месечината и сонцето. Овој меѓуѕвезден простор е носител на сликата што се појавува и повторно се појавува во варијации на различен и во вториот том од сликите на Валмир, стои во најавата за изложбата.
Се посочува дека оваа изложба ја кани јавноста на пресметка, како што наведуваат „колку отпорна, толку и соучесничка, публика ослободена од каква било интерпретација пророчки, слободно да ги доживее сензациите што ги предизвикува неговото сликарство“.