Обидот за рекреација на фестивалот Вудсток во 1999 година ќе биде запомнета како насилна, огнена катастрофа. Овој фестивал беше обид за да се прослави 30-годишнината од најпознатиот музички фестивал некогаш одржан – Вудсток од 1969 година, но за жал заврши неславно.
Фестивалот во 1999 беше одржан во поранешна авионска база во Њујорк и вклучуваше настапи на Лип Бизкит, Ред Хот Чили Пеперс, Металика и Фетбој Слим. Се претпоставува дека на фестивалот присуствувале околу 400 илјади посетители, кој се соочиле се неподнослива топлина, лоши услови и насилство. Поради тоа овој фестивал се нарекува „денот кога умреа 90тите“.
Оригиналниот фестивал Вудсток беше одржан на фарма, додека фестивалот на 30-годишнината беше одржан во поранешна воена база, што според многумина не е место за музички фестивал. Воената база била големо, рамно место, без дрвја и без сенка за заштита од силното јулско сонце.
Другата причина поради која посетителите се жалеле било тоа што шише вода, на жешкото време се продавала за четири долари. Постоела бесплатна вода, но до неа било тешко да се дојде, поради долгите редици и лошите фонтани.
Фестивалот исто така беше погоден и од серија на обвинувања за сексуални напади, а медиумите за тоа и за нередите кои се случиле ги обвинија дел од бендовите, како Лимп Бизкит. Критичарите и посетителите сепак истакнуваат дека насилното однесување било многу пред настапите на бендовите, а фактот што имало само три жени во повеќе од 50 изведувачи на сцената во трите дена, значи дека и публиката била предоминатно мажи.
Сепак, за да се случат нередите недостасувало и доволно обезбедување. Според посетителите, обезбедување имало, но тоа било неефикасно и недоволно. Обезбедувањето на фестивалот било нарекувано „Патрола на мирот“, но според посетителите тоа не било доволно професионално, а организаторите немале креирано план за безбедност, па обезбедувачите не биле подготвени и не знаеле како да се справат со толпите.
Кулминацијата на хаосот, сепак, настанала при настапот на Ред Хот Чили Пеперс, кој решиле да ја изведат песната „Fire“ од Џими Хендрикс, во негова чест, за неговиот настап на оригиналниот Вудсток. Сепак, наместо почит кон Хендрикс, публиката која цел викенд трпела екстремна жештина, прескапа вода и генерално лоша атмосфера го доуништила фестивалот. Огновите кои биле палени покрај камповите започнале да се шират, возилата биле превртувани и палени, шанковите за пијалаци и облека биле уништени и користени како гориво.
Евентуално, по нередите интервенирала полицијата за да ги смири толпите, но по завршувањето на фестивалот и конечното смирување, воената база Грифис изгледала како да паднала бомба, а не да се одржувал фестивал.