Животни кои ќе ве воодушеват со ритамот на спиење: Слонот може без сон 46 часа, а спие стоејќи

На сите животни им треба сон за да ги надополнат „батериите“ како би биле активни и функционални. Сепак не сите животни имаат исти ритам на спиење, а тоа зависи од нивната физичка големина како и потрагата по храна. 

  • Жирафите, како и некои други тревопасни животни, спијат стоејќи. На тој начин се штитат од предатори и во случај на ненадеен напад можат да побегнат брзо без да губат време. Жирафите спијат вкупно околу 2 часа во текот на едно деноноќие и тоа го прават во интервали од по 10 минути.
  • Африканскиот слон спие само 2-3 часа на ден, во кратки интервали, најчесто стоејќи. Доколку е потребно, слоновите можат да останат будни долго време, односно тие можат без сон до 46 часа.
  • Елените спијат само 3 часа во текот на еден ден. Како и многу други тревопасни животни тие можат да се одморат и лежејќи и стоејќи. Сепак имаат лесен сок, а со тоа секогаш се подготвени лесно да му избегаат на својот предатор.
  • Козите спијат околу 5 часа дневно, кравите спијат 4 часа, а коњите спијат уште помалку, само околу 3 часа. Патем, некои истражувања покажуваат дека коњите можат да сонуваат исто како и луѓето.
  • Возрасно куче, домашен миленик, спие од 12 до 14 часа во текот на денот. За разлика од возрасните кучиња, кученцата се будни од 4 до 6 часа од 24 во текот на денот.
  • Домашните мачки спијат во просек 15-16 часа на ден, додека тигрите спијат до 20 часа особено ако се добро најдени после добар лов.
  • Иако верверичките хибернираат во текот на зимата, тие спијат околу 15 часа на ден дури и за време на нивната активна сезона.
  • Лемурите го поминуваат поголемиот дел од своето време на дрвја и спијат околу 16 часа на ден.
  • Една од најмрзливите змии е питонот. Може да спие 18 часа, односно е буден само кога е во лов и тоа е најчесто ноќе. Остатокот од времето го поминува повлечен на некое безбедно место каде нема да биде вознемируван.
  • Коалите спијат од 18 до 22 часа на ден, а кога се будни постојано џвакаат листови од еукалиптус. Овие мечки толку многу го сакаат еукалиптусот што складираат лисја во усната празнина како би имале што да грицкаат додека спијат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс