Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции, соопштија од ЕВН Македонија. Прекините ќе бидат во различни термини, во зависност од локацијата.
Според најавата, без струја ќе бидат следните корисници:
- Од 9 до 14 часот: дел од главната улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и дел од улицата „Данка Фирфова“ во населбата Лисиче, општина Аеродром.
- Од 9:30 до 13 часот: дел од корисниците во селото Глуво – Бразда, општина Чучер Сандево.
- Од 10 до 13 часот: дел од корисниците во викенд-населбата Побожје, во близина на црквата „Пресвета Богородица“, општина Чучер Сандево.
Прекините се најавени како дел од планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.