Во „Што го врти светот“, Елена и Атанас зборуваа за здравиот начин на живот. Тие се фитнес тренери со заедница од над 30-40 000 следбеници на социјалните медиуми. Тие зборуваат за здравиот начин на живот и спортот во и надвор од салата.
- Ние постојано зборуваме за важноста да се спортува, затоа што знаеме дека некому ќе му смениме многу во однос на навиките за живот. Не секој за во сала, ние зборуваме дека салата не е единственото место каде некој може да биде физички активен. Тука е Водно, велосипедот, трчањето, пешачењето. Не треба вежбањето да се поврзува само со финансиски трошок. Секој си бира свој начин на вежбање. Треба да научиме дека треба да се движиме. – вели Елена.
Атанас зборуваше за потребата да се верува во тренерот, за него тренер се бира како што се бира доктор. Вели, мора да имате доверба дека тој ви мисли добро. За него децата се мотивација за да живее здраво.

- Јас го правам ова за да можам подолго да бидам со овие двајцата кои сега се мали. Да не почнам со хронични терапии пиење млад, туку да можам да играм фудбал со Андреј уште многу години. Атанас вели дека огромна поддршка добиваат од домашните кои се тука за тие да можат да се развиваат. Атанас додава дека иако да се биде тренер бара жртви кога е времето поминато дома во прашање, сепак тој Елена меѓусебно се покриваат. Доколку еден е на тренинг, другиот е со децата на Водно. Тоа е придобивка од заедничкото работење.
Двајцата даваат и личен пример, во кој велат дека децата треба да спортуваат и да одат на планина, дури и ако не сакаат да се занимаваат професионално со спорт. Тоа во иднина ќе им даде можност да бидат социјално поинтегрирани и да не избегнуваат дружења кои вклучуваат качување на планина или возење велосипед.
Целата епизода може да ја гледате на:
Елена и Атанас постојано зборуваат и за заедницата и за оние вежбачи кои сакаат да бидат дел од група и заедница и вежбаат со нив повеќе од 13 години. Тие велат дека некогаш и ги надминуваат тренерите, но доаѓаат заради енергијата на часот и потребата да вежбаат на тој начин.