Според информациите на Associated Press (AP), конечната потврда за договорот ќе зависи од резултатите од медицинските прегледи на Сото.
Овој договор ќе го надмине претходниот рекорд, поставен од 10-годишниот договор на бејзбол играчот на Лос Анџелес Доџерс, Шојеи Охтани, потпишан минатиот декември, кој важеше за најголем и најдолг договор во историјата на Главната лига на бејзбол (MLB).
Иако нема конкретни информации за заработките надвор од Соединетите Американски Држави (САД), договорот на Сото ќе биде најголем и во историјата на тимските спортови на глобално ниво.
Сото (26) четирипати беше избран за Ол-стар играч на MLB, трипати беше дел од најдобрите тимови на лигата, а во 2019 година освои титула со Вашингтон.
Оваа година, тој играше со Њујорк Јенкис во финалето на MLB, каде што неговиот тим беше поразен од Лос Анџелес Доџерс.
Според извор на AP, Њујорк Јенкис му понудиле на Сото нов 16-годишен договор во вредност од 760 милиони долари, но тој ја избра понудата на Њујорк Метс.