Во Хрватска за денес е најавен бојкот на продавниците, трговските ланци и бензинските пумпи поради постојаното зголемување на цените, врз основа на иницијативата која започна од Фејсбук групата “Хало, инспекторе”, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), а во меѓувреме ја поддржаа друштвата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па и самиот министер за економија.
Таа иницијатива започна со пораки кои во последните денови беа делени на социјалните мрежи. Бојкот против високите цени на храната.
Се повикуваат луѓето да тој ден никој ништо да не купува, ама ништо. Обезбедете се за тој ден како да е недела”, стои помеѓу другото во тие пораки.