Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска, 14 октомври, со почеток во 12 часот ќе го одбележи Денот на Академијата. По тој повод, предвидено е полагање цвеќе пред споменикот на Блаже Конески, по што пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов.
Во рамките на свеченоста ќе биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“, кое годинава ѝ припадна на Соња Должан од Словенија. Пригоден говор по повод доделувањето ќе одржи дописниот член на Академијата, Венко Андоновски.
Одбележувањето на Денот на МАНУ е посветено на научното и уметничкото творештво, како и на наследството на Блаже Конески, еден од најзначајните македонски лингвисти, книжевници и културни дејци.
