Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, од печат излезе Gevgelija Unveiled: A First-Time Visitor’s Handbook – туристички водич во кој на англиски јазик се претставени природните убавини и културните знаменитости на Гевгелија и регионот.
Целта на водичот е да ги запознае странските посетители на Гевгелија со основни податоци за нејзината културна историја и традиција, археолошките особености, актуелните културни манифестации, духовниот живот низ вековите, природата, храната и сите други нешта и подробности кои ја прават Гевгелија автентична и репрезентативна туристичка локација.
Покрај содржината посветена на културното и природното наследство, во водичот има и кратки прегледни информации за културните и спортските институции и друштва, кратки биографски белешки за историски личности од Гевгелија и регионот, како и за актуелни манифестации.
Изданието има 44 страници и вклучува 24 фотографии во боја.
Автор на текстот е Стефан Марковски, а автор на фотографиите е Димитар Новаков.