Објавена „Мисномер“ – книга за погрешните имиња низ историјата, географијата и уметноста

Со „Мисномер“, Стеванов продолжува да ги поврзува историјата, јазикот, културата и визуелната уметност, отворајќи тема која преку секојдневно познати имиња покажува колку често зборовите и поимите можат да имаат неочекувана приказна зад себе.

Истражувачката студија „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“ од авторот Александар Стеванов од Штип неодамна излезе од печат, како една од ретките македонски публикации посветени на етимологијата.

Во фокусот на книгата е зборопотеклото и значењето на терминот „мисномер“, кој означува несоодветно или погрешно име. Преку примери од историјата, географијата и уметноста, Стеванов на популарен начин ги претставува најпознатите примери на вакви зборови и имиња. Уредничката на изданието, Добрила Стеванова, книгата ја определува како спој на повеќе навидум неспоиви области.

„Таа е историска читанка за ‘откривањето’ на Америка и за прекривањето на Македонија, туристички водич за несоодветно именуваните места и етимолошки речник составен од само неколку зборови“, наведува Стеванова.

Во целината на книгата свое место наоѓа и стрипот, област во која Стеванов е особено активен во последниот период.

„Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“ е 20-та објавена публикација на која Александар Стеванов се потпишува како автор. Издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура и туризам.

Во последните месеци Стеванов реализираше повеќе активности поврзани со деветтата уметност. Кон крајот на јуни одржа петдневно предавање за стрип во Дино-паркот во Штип, а во средината на јули имаше изложба на стрипови во Домот на културата во Штип. Потоа гостуваше и на фестивали на стрипот во Загреб и Шибеник.

Со „Мисномер“, Стеванов продолжува да ги поврзува историјата, јазикот, културата и визуелната уметност, отворајќи тема која преку секојдневно познати имиња покажува колку често зборовите и поимите можат да имаат неочекувана приказна зад себе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс