,,Подај рака” – хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

На 29 септември во 11 часот, ќе се одржи деветтата по ред хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија.

,,Целта на оваа акција е да ја подигнеме свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да ја поттикнеме социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да поттикнеме што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.Како и сите претходни години, веруваме дека ќе имаме одлична атмосфера на ,,Подај рака” и настан богат со веќе традиционалните три трки: штафетна, детска, и трка за миленици! Како и обично, ќе имаме добра музика, дружба и други изненадувања за дечињата и сите што ќе учествуваат!Горди сме што со несебичната помош и подршка на хуманите луѓе и општествено-одговорните компании, кои ги поддржаа претходните изданија на ,,Подај рака”, продолжуваме со остварување на нашата мисија за подигнување на свеста на стручната и пошироката јавност на оваа ретка болест, подобрување на условите за дијагноза, следење и третирање на Вилсоновата болест и поддршка на лицата и семејствата засегнати од истата” велат организаторите.

Со овој настан сакаат да им дадат поддршка на сите лица кај кои најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадат почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив. Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи во општеството.

Пријавување за трка на линкот https://www.smartrace.club/

е-Трн да боцка во твојот инбокс