Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова, втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја.
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на Државниот камерен оркестар Жилина како камерен ансамбл составен од водечки музичари на овој меѓународно реномиран камерен оркестар. Оттогаш ансамблот настапил на бројни концерти и значајни општествени настани, успешно претставувajки висок уметнички квалитет и интересна драматургија во Словачка и во странство.
Членовите на ансамблот настапуваат не само како камерен состав туку и одделно, како солисти со оркестарот во рамките на претплатничката сезона на ШКО Жилина.
Концерт мajсторот на ШКО Жилина, Роберт Копелман (1980), потекнува од Братислава од познато музичко семejство. По студиите на Конзерваториумот во Братислава, тој продолжил на реномираната музичка академија „Сибелиус” во Хелсинки, каде магистрира во 2009 година, а во 2019 година докторира на Високата школа за музички уметности во Братислава. Своето образование го надополнил и на работилници и мajсторски курсеви кај светски познати уметници и педагози и е лауреат и добитник на награди на национални и на меѓународни натпревари. Како солист настапува на концерти во Словачка, Финска, Чешка и Австриja.
Од 2011 година интензивно се посветува на оркестарската кариера. Бил концерт мajстор на Државната филхармониja Кошице, водач на групата втори виолини во Куми Синфониета во Финска, од 2019 година е заменик водач на групата втори виолини во Малезиската филхармониja во Куала Лумпур, а од 2022 година е концерт мajстор на ШКО Жилина, со кој редовно настапува и како солист.
Катерина Миронова (1994) студирала виолина на Конзерваториумот во Чернигов. Во втората година од студиите, паралелно со школувањето, започнала да работи во Черниговската филхармониja. По завршувањето на конзерваториумот, го продолжила образованието на Националниот универзитет за уметности „И. Котljaревски” во Харков, а за време на студиите посетувала мajсторски курсеви кај значajни педагози.
Од 2018 година била член на Оркестарот на Националниот театар за опера и балет во Харков, а во периодот 2020–2021 работела како асистентка на Богдан Пивненко на Музичката академија „П. И. Чajковски” во Киев. Од 2024 година е член на Државниот камерен оркестар Жилина, каде што ja извршува функциjата заменик водач на групата втори виолини, а истовремено се занимава со педагошка дejност.
Александр Дjaгилев (1991) пораснал во музичко семejство со богато уметничко наследство. Со музика започнал на петгодишна возраст, свирejки виола. Студирал на Државниот конзерваториум „Н. Римски-Корсаков” во Санкт Петербург.
Во периодот 2009–2015 година бил заменик водач на групата виоли во Меѓународниот симфониски оркестар „Таврически”, со кој учествувал на повеќе од 900 концерти во Русиja и во странство. Како солист настапувал на концерти посветени на Сергej Дjaгилев, вклучувajки го фестивалот „Diaghilev P. S.” во Санкт Петербург (2011) и Фестивалот на уметноста „Дjaгилевски вечери” во Велики Новгород (2011, 2013). Во 2015 година станал лауреат на меѓународниот фестивал „Божиќни средби во Санкт Петербург”. Во периодот 2014–2021 бил член на Академскиот симфониски оркестар на Санктпетербуршката филхармониja „Д. Шостакович”, каде имал чест да соработува со значajни диригенти.
Од 2020 година работи како педагог по виола и камерна музика во музички училишта и конзерваториуми во Санкт Петербург. Од 2021 година соработува со оркестарот МusicаAeterna на Теодор Куренцис, а од 2022 година бил член на оркестарот на театарот „Михajловски” во Санкт Петербург. Во 2023 година започнал да работи во оркестарот на Словачкиот народен театар во Братислава.
Од октомври 2024 година ja извршува функциjата водач на групата виоли во Државниот камерен оркестар Жилина.
Виолончелистката Дариja Земскаja (1992) дипломирала во 2012 година на Алтajскиот државен музички конзерваториум во западносибирскиот град Барнаул, а во 2017 година ги завршила студиите на Петербуршкиот конзерваториум. Од 2013 до 2022 година била член на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински” во Санкт Петербург.
Како член на оркестарот под диригентство на легендарниот Валериj Гергиев учествувала на меѓународни турнеи низ Европа, Азиja и низ САД. Во периодот 2014–2020 учествувала во проектите на Руско-германската младинска академија заедно со водечки млади европски музичари.
Таа е лауреат на национални и на меѓународни натпревари, а камерната музика е неjзина страст. Покрaj класичниот репертоар, се интересира и за современата музика. Од есента 2023 година е заменик водач на групата виолончела во Државниот камерен оркестар Жилина.
Вечерашниот концерт се одржува со поддршка од Амбасадата на Словачка Република во земjaта.