Приказната на Стефан Николовски е приказна за талент, пресврти и успех од огромни размери за многу краток период. Роден во Велес на 6 февруари 2000 година, љубовта кон глумата и театарот ја открил уште како дете, играјќи ја улогата на малиот Орест на Фестивалот на античка драма во Стоби. Подоцна, образованието го продолжува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што го гради својот актерски израз и истражува нови сценски можности. Неговиот талент и креативност доаѓаат до израз уште во академските денови, преку различни испити, сценски задачи и предизвици што ги обликуваат неговите актерски способности. Иако почетокот не бил едноставен, ниту пак патот се одвивал по план, Стефан зборува за разочарувањата од разликата меѓу детските денови кога се заљубил во актерството до деновите на професионалната сцена, велејќи: „Планот не испадна како што го планирав, туку фати некој друг тек.“ Низ тој Roller Coaster, неговата кариера добива нова насока кај него.
Како феникс што се издигнува од пепелта,и како студент кој мора да работи како dj и да заработува од музика за да го заврши факултетот и си ги приушти работите кои на 20 години му се потребни на секој млад човек.Градејќи публика на социјалните мрежи и YouTube со хумористични видеа и имитации на познати , користејќи ги како простор за експериментирање и комуникација со публиката на непосреден начин. Неговиот талент не останува само на интернет, напротив, тој продолжува да се развива и како актер со широк дијапазон, истражувајќи различни улоги и пристапи. Од Театарот Комедија се до неговиот домашен терен Велешкиот Театар.
Следниот голем чекор е стендап шоуто „Ацо е Наш“, најавено за 12 декември 2026 во Т Арена, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со специјален гостин Неџа Бриџис. Интересот на публиката беше огромен, а билетите се распродадоа за само десет дена, што е значаен успех и доказ за растечката популарност на македонската стендап сцена. Бо моментов е пуштен и вториот 🤯
Кога го прашавме дали некогаш помислил дека ќе ја наполни салата „Борис Трајковски“, се насмевна и скромно призна дека никогаш не замислувал толкава публика. За него, тоа е остварување на еден сон, но и јасен показател дека сака и може да понуди уште повеќе на публиката од сè досега. Неговите амбиции одат многу подалеку од постигнатото. Тој сака да продолжи да истражува, да се развива и да ја изненадува публиката со нови идеи и сценски изрази.
Оваа приказна не е само за еден млад актер кој станал стендап комичар, ниту само за популарноста што ја носат социјалните мрежи, туку за човек што имал моменти на сомнеж, но одбрал да продолжи и да бара нови можности. Понекогаш, најголемите успеси не доаѓаат кога сè се одвива според план, туку кога имаме храброст да го следиме патот што неочекувано се отвора пред нас. За Стефан Николовски, тој пат сè уште трае. А ако досегашните негови чекори се показател, иднината може да донесе уште многу нови поглавја во неговата приказна.
