Тајната на баба за највкусен домашен ајвар

Секоја куќа има свој рецепт за ајвар, но најдобрите трикови обично не се запишани во тетратка. Се пренесуваат од генерација на генерација – од баба на мајка, од мајка на ќерка, најчесто додека се печат пиперките и се подготвува зимницата.

Токму ваква семејна приказна сподели Instagram профилот MartinasCooking, која годинава решила од својата баба да ги дознае малите тајни за подготовка на домашен ајвар.

„Среќна сум што сè уште ги имам мајка ми и баба ми до мене. Секоја година тие се задолжени за подготовката на зимницата“, напишала Мартина, додавајќи дека овојпат внимателно ја „испрашала“ баба си за триковите што го прават ајварот посебен.

View this post on Instagram

A post shared by Martina Simjanovska (@martinascookingg)

А токму деталите често ја прават разликата – пиперките треба добро да се исцедат, маслото да се додава во вистински момент, а смесата да се меша доволно долго за да ја добие препознатливата текстура и вкус.

Целиот процес на печење, лупење и мешање е дел од есенскиот ритуал во многу домови, а наградата е добро позната: топло лепче и свеж домашен ајвар директно од тавата.

А додека трае целиот ритуал со печење, лупење и мешање, Wolt се појавува како практичниот дел од приказната – ручекот може да стигне до врата додека дома се подготвува зимницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс