УХМР предупредува: Викендов сончево и топло, но попладне можни невреме, силен ветер и град

Времето во Македонија за викендот ќе биде претежно сончево и топло, но попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за појава на град.

За време на претстојниот викенд времето во Македонија ќе биде сончево и топло, но во попладневните часови на места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата, локално процесите може да прераснат во невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

И во Скопје, во текот на викендот се очекува сончево и топло време. Попладне, сепак, и во скопскиот регион ќе има услови за нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР посочуваат дека во делови од котлината процесите може да бидат поизразени и да има интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Граѓаните треба да бидат внимателни во попладневните часови, особено доколку се најдат на отворено во подрачја каде што ќе се развијат грмежни облаци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс