Ветер над 60 км/ч: Какво време нè очекува до викендот?

Македонија е под влијание на студен бран од север. До крајот на работната недела ќе дува засилен до силен северен ветер, а за викендот се очекува стабилизација на времето.


Оваа седмица донесе значително заладување и продор на ладен бран од север. Најмногу врнежи имаше во вторнико, кога локално наврнаа над 15 литри дожд на метар квадратен, најавуват метеоролозите
На планините над 1.500 метри надморска височина се очекува снег, со снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време, со засилен северен ветер што на места ќе биде силен, со брзина над 60 км/ч. За време на викендот се очекува сончево време со мала до умерена облачност.

И во Скопје и околината времето е променливо облачно и значително ладно, а северниот ветер во делови од котлината ќе достигнува околу или над 60 км/ч. vecer


Што да направите при силен ветер? Отстранете ги од балконите и терасите саксиите, столовите и другите лесни предмети. Не паркирајте под стари дрвја, билборди и привремени конструкции. Возачите нека внимаваат на налетите на ветер, особено на мостови, отворени делници и долж Повардарието. Проверете ги прозорците и олуците пред посилните налети. Заладувањето ја забрза и грејната сезона: парното во Скопје почна два дена пред официјалниот почеток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс