Понеделничко шизење: Ајде да летаме

„Ајде да летаме, не плаши се…“ неколку зборови што веднаш отвораат врата кон едно друго време. Време на немирна младост, долги ноќи, клубови, касети, први CD-а и музика што не се слушаше само во позадина, туку стануваше дел од животот.

„Ајде да летаме“ полета во 2000 година со ПМГ Колектив и вокалот на Каролина Гочева, а авторството е на незаменливиот НОВОГРАДСКА и бендиот Балкан Експрес во 1995 година . Песна со лесна меланхолија, слобода и она чувство дека некаде надвор постои нешто поголемо, подалеку и повозбудливо.

Со текот на годините песната доби уште два животи.

Верзијата на „Новоградска“ ѝ даде поинаква атмосфера и ја внесе песната во сосема нов музички простор, а ремиксот на диџеј Бабура повторно ја врати на подиумот, со нов ритам и нова енергија.

Три верзии, три различни читања на истата песна.

И токму тука е нејзината сила. Малку македонски песни успеале да поминат низ толку различни музички форми, а сепак да го задржат она по што биле препознатливи од првото слушање.

„Ајде да летаме“ денес звучи и како песна и како мало временско капсулче. За едни е директна асоцијација на крајот на деведесеттите, за други песна откриена многу подоцна, преку некоја од нејзините нови верзии.

А рефренот и натаму ја има истата работа: да те натера барем на неколку минути да заборавиш дека е понеделник.

Затоа денес: малку шизење, малку носталгија и една песна со три животи.

Ајде да летаме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс