Во годината кога изостана редовното издание на фестивалот на Петроварадинската тврдина поради притисокот на властите по поддршката за студентските протести, EXIT соборува рекорди на посетеност на една од најголемите туристички дестинации во светот, Пирамидите во Гиза, соопштија организаторите.
„Луѓе од 114 земји дојдоа на фестивалски одмор во Египет, заминувајќи си со спомени за цел живот по танцувањето пред Пирамидите во совршено ноќно време какво што Египет има во октомври“, се додава во соопштението на EXIT.
Првиот повеќедневен фестивал на електронска музика со повеќе бини кај Пирамидите во Гиза се одржа изминатиот викенд, собирајќи повеќе десетици илјади луѓе од преку 100 светски земји, се наведува понатаму.
„’Старлајт’ (Starlight) воедно стана и најголемиот настан за електронска музика пред последното преживеано чудо на античкиот свет уште од концертот на Жан-Мишел Жар од минатиот век. Програмата на првото издание на фестивалот ’Старлајт’ ја предводеа денешните диџеј-ѕвезди од А-листата како што се Шарлот де Вит (Charlotte de Witte), Адриатик (Adriatique), Мајкл Биби (Michael Bibi), Индира Паганото (Indira Paganotto), Енрико Санџулијано (Enrico Sangiuliano), Винтиџ Калчр (Vintage Culture), Пит Тонг (Pete Tong) и уште 60 интернационални и регионални изведувачи на неколку бини“, се додава во соопштението на EXIT.
Фестивалот исто така донесе одлични настапи од имиња како Фиона Крафт, Флојд Лавин, Клуни и Дир Џејд, а на светската сцена промовираше домашни ѕвезди од Србија како Лана, Коеус, Реблок, Диволи и Марквард и Тебра.
Меѓу настапите во живо најмногу блеснаа „Ху мејд ху“ (WhoMadeWho) и Сатори, но и Џоли и Асија (Giolì & Assia) на прошталниот настан во неделата.