Во рускиот град Санкт Петербург утринава се случи експлозија на автомобил во која загина висок руски воен офицер, додека неговата сопруга со тешки телесни повреди е пренесена во болница. Инцидентот се случил на паркинг во станбена зона во моментот кога возачот го активирал моторот на своето возило.
Експлозијата се случила на Ростовската улица во Санкт Петербург кога возачот се обидел да го запали џипот од кинеско производство од марката „Geely“.
⚡️ A Russian lieutenant colonel’s car was blown up in St. Petersburg
— NEXTA (@nexta_tv) August 27, 2026
The serviceman was killed at the scene, while his wife was hospitalized.
According to preliminary reports, an improvised explosive device detonated inside the car.
In the Slavyanka neighborhood, where the… pic.twitter.com/6xMfnUV32W
Ударниот бран бил толку силен што ги разнел задните стакла, го откорнал поклопецот од моторот и задниот браник. Делови од автомобилот и метални парчиња биле расфрлани на десетици метри околу местото на настанот.
Според извештаите на локалниот медиум „Фонтанка“ и безбедносните канали на платформата Телеграм, мажот им подлегнал на повредите на лице место. Неговата сопруга, која исто така се наоѓала во возилото во моментот на експлозијата, во критична состојба е хоспитализирана на одделот за интензивна нега.
На терен се испратени истражни екипи, форензичари и противпожарни единици. Официјалните руски власти сè уште не го соопштуваат идентитетот на загинатиот офицер, ниту точната причина за експлозијата.