Кардиолог советува: Ова се годините кога пушачите треба да ги остават цигарите

Кардиологот и кардиохирург Алексеј Утин смета дека периодот меѓу 35 и 40 години треба да биде пресвртница за пушачите и време кога треба целосно да се откажат од цигарите. Тој истовремено советува во овој период да се направи и темелен здравствен преглед, особено кај луѓето кои ретко оделе на лекар.

Пушењето му штети на организмот без оглед на возраста, но според Утин, годините меѓу 35 и 40 се особено важен период за прекин на оваа навика. Тој ги издвојува како животна пресвртница во која луѓето треба посериозно да почнат да се грижат за своето здравје. 

Според кардиологот, во овој период е важно да се направи сеопфатен здравствен преглед, особено доколку претходно посетите кај лекар биле ретки. Целта е навреме да се проверат состојбите кои можат да влијаат врз здравјето на срцето и крвните садови. 

Утин воедно зборува и за навиката која често оди заедно со цигарите – пиењето кафе. Тој смета дека до три шолји кафе дневно без шеќер кај повеќето луѓе не претставуваат проблем, а според неговите наводи, умереното пиење кафе може да биде поврзано и со понизок кардиоваскуларен ризик. 

Сепак, тој нагласува дека времето во кое се пие кафето е важно. Според неговиот совет, подобро е кафето да се пие во првата половина од денот за да не се наруши квалитетот на ноќниот сон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс