Нејзината големина и цврсти влакна ја прават идеална за тесни агли и површини до кои тешко стигнуваат крпа или сунѓер. Токму затоа, советите за повторна употреба на стара четка стануваат сè попопуларни.
Едно од местата каде што најдобро помага се фугите и аглите во бањата, каде брзо се собираат сапуница, мувла и нечистотија. Корисна е и за горилниците и копчињата на шпоретот, каде маснотијата се задржува во ситните отвори и рабови. Освен тоа, одлично се снаоѓа и во прозорските шини и каналите на лизгачките врати, каде обично се наталожуваат прашина и ситни нечистотии.
Со стара четка полесно се чистат и околу славини, мијалници и метални рабови, каде се собира каменец, а може да послужи и за помали украсни предмети и накит, ако се користи нежно и со благ сапун.
Најважно е четката да се користи само за една намена или добро да се одвои – онаа што се користела за фуги и шпорет, секако, не треба потоа да оди на накит или украсни предмети. Мал трик, мал трошок и изненадувачки добар ефект во домот.
