Американската војска подготвила нови планови за напади врз Иран, кои ја вклучуваат и можноста за употреба на таканаречената „мајка на сите бомби“ против енергетската инфраструктура и нуклеарните постројки на земјата. Ова го објави американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе американски функционери запознаени со плановите.
Според изворите, плановите би можеле да бидат активирани доколку американскиот претседател Доналд Трамп нареди продолжување на воените дејствија.
Станува збор за бомбата ГБУ-43/Б, најголемото ненуклеарно оружје во американскиот арсенал. Нејзината евентуална употреба против Иран би претставувала значителна ескалација на конфликтот, оценува Си-ен-ен.
Се поставува прашањето за нејзината ефикасност
И покрај тоа што американската војска разгледува вакво сценарио, некои функционери запознаени со внатрешните воени дискусии изразиле сомнежи околу неговата ефикасност.
Според нив, не е јасно дали употребата на ова оружје би помогнала во остварувањето на стратешките цели на Трамп или би ја променила рамнотежата на силите во војната.
Засега нема потврда дека е донесена одлука за употреба на бомбата. Информациите на Си-ен-ен се однесуваат на воени планови и можни сценарија, а не на потврден налог за напад.
