Турски дрон влегол во воздушниот простор на Грција, кренати два ловци Ф-16

Грчките воздухопловни сили веднаш реагирале и испратиле два Ф-16 за да го лоцираат, идентификуваат и пресретнат дронот

Во петокот наутро, турски дрон влезе во зоната на одговорност на Грција и го наруши нејзиниот воздушен простор над Егејското Море. 

Инцидентот се случил во областа помеѓу островите Самотрака и Лемнос, по што грчки борбени авиони го пресретнале леталото.

Грчките воздухопловни сили веднаш реагирале и испратиле два Ф-16 за да го лоцираат, идентификуваат и пресретнат беспилотното летало.

Особена загриженост предизвика близината на дронот до терминалната писта на аеродромот Александрополис, во време кога патнички авион на „Егеј ерлајнс“ се подготвувал за полетување.

Координацијата помеѓу Управата за цивилно воздухопловство и грчките борбени авиони овозможи беспилотното летало да биде отстрането без да се загрози безбедноста на патничкиот лет.

Како мерка на претпазливост, на авионот му беше наложено да следи алтернативна патека на летот и да одржува ниска надморска височина додека областа не се исчисти. Потоа го продолжи својот лет нормално и продолжи кон аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс