Зеленски пресече: Ограничувањата веќе не важат, цел остануваат руските рафинерии

По дводневната пауза поради договорот меѓу Вашингтон и Москва, Киев ги враќа фокусот и дроновите врз енергетските погони во Русија.
Фото: X/@ZelenskyyUa

Украина ги продолжува ударите врз руските рафинерии и енергетски капацитети, потврди претседателот Володимир Зеленски во интервју за „Фајненшл тајмс“. Ограничувањето на нападите повеќе не важи откако Киев констатираше дека паузата не донесе заштита од руските ракети, туку директен притисок од Вашингтон за сопирање на воените акции што влијаат врз светските цени на нафтата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отворено порача дека Украина нема намера да се откаже од нападите врз руската нафтена инфраструктура. Оваа одлука доаѓа само два дена откако Киев привремено ги сопре операциите по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за енергетски договор со Москва.

Зеленски во интервјуто остро ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да влегува во трговски договори со Кремљ за испорака на дизел, со кои Белата куќа сака да го ублажи растот на цените на горивата предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток.

Паузата во украинските напади не значеше безбедност за украинските градови. Според Зеленски, веднаш по стапувањето на сила на привремениот договор, украинските сили забележале прекин во работата на американските системи за рано предупредување од балистички проектили, а беше регистрирано и забавување на сателитските комуникации на терен.


За Украина, таргетирањето на руските рафинерии останува единствената ефикасна алатка за директно намалување на приходите со кои Москва ја финансира воената машинерија. Киев смета дека какво било наметнато примирје што важи само за едната страна го доведува во прашање опстанокот на украинската одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс