Две скопски општини денеска без струја

Поради активности на електродистрибутивната мрежа, прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени во делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Делови од скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска, 15 октомври, ќе останат без електрична енергија поради активности на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во општина Кисела Вода, без напојување ќе биде улицата „Партизански пат 2“, во периодот од 9 до 13 часот.

Во општина Ѓорче Петров, прекин на електричната енергија е најавен за улицата „2“ во селото Орман, од 9 до 15:30 часот.


Информацијата е добиена од ЕВН Македонија, а прекините се најавени поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс